Осумнаесетгодишен мотоциклист потешко повреден во собраќајка во Гевгелија
Украл куче во Николиќ, па удрил со возилото во сопственикот кога бегал
СВР Струмица денеска соопшти дека вчера во 20:00 часот на местото „Дојранска крстосница“, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода С.В.(57) од село Дабиле, струмичко. Тој се сомничи дека околу 19.00 часот во село Николиќ, општина Дојран, одзел куче од И.М.(64) од село Николиќ, а при бегство од местото со возилото го удрил оштетениот.
Кај него било пронајдено одземеното куче и е вратено на сопственикот.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.