fbpx

Утревечер изложба од Мице Јанкуловски во Завод и Музеј Струмица

 Утревечер изложба од Мице Јанкуловски во Завод и Музеј Струмица

Утревечер (19:00 часот) во изложбениот салон на „Завод и Музеј Струмица“ ќе биде отворена изложба од делата на ликовниот уметник Мице Jанкуловски по повод педесет години од творештвото, соопштија од оваа установа.

Јанкуловски е македонски уметник кој повеќе од пет децении е јавно присутен преку различни уметнички дисциплини-сликарство на платно, сликарство на стакло, карикатура, анимиран филм, палиндроми и други, а постојано е посветен на истражувањето во областа на сликарството и цртежот.

Неговата биографија брои повеќе од 50 самостојни изложби во Македонија и странство и забележани претставувања на значајни уметнички манифестации ширум светот, каде е добитник на многу награди.

Јанкуловски живее и работи во Скопје.

Share via
Copy link