fbpx

Велосипедист потешко повреден по пад од велосипед

 Велосипедист потешко повреден по пад од велосипед

Вчера во 15:55 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на улица „Ѓорги Василев“ во Струмица, Ѓ.С.(74) од село Градско Балдовци, Струмичко, управувајќи велосипед изгубил контрола и паднал на коловозот, соопштија од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Фото: архива

Share via
Copy link