fbpx

Во Југоистокот пожари кај Валандово, преминот Богородица и Ново Село

 Во Југоистокот пожари кај Валандово, преминот Богородица и Ново Село

Шумскиот пожар кој се појави околу 12:30 часот на ден 01.08.2021 година кај местото Погана и кој зафати површина од 200 хектари ниско стеблеста шума (даб, габер, прнар, јасен) се уште е активен. Пожарот во утринските часови беше во мирување, но попладнево со појавата на северен ветер, повторни се засили и се движи во правец на Фурка, информираат од Центарот за управување со кризи.

Од почетокот досега има изгорено повеќе од 500 хектари ниско стеблеста шума (прнар, габер, даб и друго). На теренот се ангажирани: Екипа на ТППЕ-Валандово-со 2 ПП возила и 6 пожарникари, Шумско стопанство-со 20 вработени ,ПО ДЗС-Валандово – со 3 припадника, на помош ТППЕ-Гевгелија-со 1 ПП возило и 3 пожарникари, ТППЕ-Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари и ТППЕ-Неготино со 1 ПП возило и 3 пожарникари.

Пожарот над депонијата во Ново село кон село Самоилово е повторно активен, гори сува трева и прнар. На терен се ТППЕ Струмица со 3 ПП Возила и 9 пожарникари.

Пожар на отворен простор до хотел „Фламинго“ и гранична линија со Република Грција. Гори сува трева и борова шума. Изгорено над 20 хектари. Силниот ветер претставува опасност за хотелот Фламинго и бензинската пумпа „Шимов“ а во правец кон граничната линија со Република Грција има опасност за караулата на АРМ и Граничен премин Богородица.

Ангажирани сили ТППЕ Гевгелија-2 пп возила, 12 пажарникари, 1 пп возило со 2 пожарникари од Д.Капија, ШС Кожув-5 вработени, група граѓани од населеното место Богородица и Гевгелија, МВР, Приватни компании, 2 багери на приватни компании и 1 цистерна за вода.

Share via
Copy link