Радовишанец со „пасат“ удрил во малолетен пешак по што побегнал
Во основните училишта во Струмица се гледа детскиот филм „Ана и дружината“
Деновиве низ основните училишта на територијата на општина Струмица се гледа првиот дел од едукативната видео приказна „Ана и дружината“.
-Видеото е наменето за децата од прво до петто оделение и има за цел да ги едуцира дечињата со тоа што ќе поттикне интерес за поставување прашања од тоа што ќе им биде презентирано или да поттикне разговор со учителките/лите, родителите, другарчињата за домашните животни и користа што ја имаат луѓето од нив, за другарување и убаво однесување со истите, за важноста на игра во природа и чување на истата, за враќање на игрите кои не вклучуваат модерна технологија, за можноста да се игра со другарите неструктуирана игра која е на дистанца и безбедна од зараза од коронавирус, за важноста на другарството меѓу дечињата и важност да се прости ненамерна грешка. Исто така видеото е наменето да го стимулира интересот за драмската уметност и моќта преку истата да се менуваат работите, да се научи и наученото да се применува во секојдневието со цел да имаме подобри општествено одговорни млади луѓе во иднина. Секој инспириран коментар или прашање од видео приказната е дел од едукацијата и очекуван резултат при реализација на проектот. Наскоро ќе биде пратен и вториот дел од приказната, инфомираше актерката Јулија Милкова и претседателка на Здружението „Видливост“ од Струмица.
Проектот го реализира Здружение за едукација и развоj „Видливост“, а финансиски е поддржан од Г1 програмата од буџетот на Општина Струмица.