fbpx

Во сообраќајка на патот Струмица-Радовиш повредени полицаец и тројца Бугари

На 14.07.2023 околу 17.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода октавија“ сопственост на МВР и патничко возило „хонда“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.Р.С.(36) од Република Бугарија, соопштија денеска од МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле еден полициски службеник и тројца сопатници во возилото „хонда“ од Република Бугарија, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид извршила екипа на СВР Струмица.

Share via
Copy link