Општинскиот инспектор за животна средина изрече казна за согорување отпад од 18.000 евра
Во сообраќајка потешко повредена жена што управувале електричен тротинет

Вчера во 14:20 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од Булевар „Балканска“ и ул. “Крушевска република“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет управуван од А.Ѓ.(47) и патничко возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Р.(72), двајцата од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ѓ., констатирани во Општата болница Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.