fbpx

Во сообраќајка во Гевгелија тешко повреден возач на мопед

 Во сообраќајка во Гевгелија тешко повреден возач на мопед

Вчера во 05:00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улица „Вардарски рид“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од З.К.(63) од Гевгелија и мопед со гевгелиски регистарски ознаки, управвуван од М.П.(45) од Гевгелија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

Share via
Copy link