fbpx

Во сообраќајка во Струмица потешко повреден старец од Добрејци кој управувал инвалидска количка

 Во сообраќајка во Струмица потешко повреден старец од Добрејци кој управувал инвалидска количка

Вчера во 07:50 часот во СВР Струмица, било пријавено дека на крстосницата од бул.,,Ленинова”, ул.,,Браќа Миладинови” и ул.,,Цветан Димов“ во Струмица патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки управувано од З.К.(59) од Струмица удрило во инвалидска количка управувана од П.К.(86) од село Добрејци, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил П.К. констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Струмица.

Share via
Copy link