„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Во струмичкиот Црвен крст во тек е првиот циклус за обука за негуватели на стари лица и лица со попреченост
Во Општинската организација на Црвен крст Струмица во тек е првиот циклус на обуки за негуватели и негувателки на стари лица и лица со попреченост поддржана од Австриска развојна агенција, Австриски Црвен крст и Швајцарски Црвен крст.
На обуката учествуваат 15 кандидати, кои по завршување на истата ќе се стекнат со сертификат.
Услугата помош и нега во домот обезбедува помош во вршење основни и инструментални активности од секојдневниот живот со цел да се оспособи корисникот за само-помош односно да ја врати, стекне и одржи способноста самиот да се грижи за себе за да може да води независен живот во заедницата.
Услугата ги опфаќа лицата со навршени 65 години од животот, лица со телесна и интелектуална попреченост, потполно слепи лица и други лица со намален функционален капацитет.