fbpx

Во Струмица се одржа Регионална музичка ревија на пензионери

 Во Струмица се одржа Регионална музичка ревија на пензионери

Денеска во Домот на АРМ се одржа Регионална музичка ревија на пензионери во организација на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, чиј домаќин беше Здружението на пензионери од Струмица.

На свеченото отворање на ревијата, покрај организаторите и домаќините, свое обраќање имаше и градоначалникот Костадин Костадинов. Тој во својот поздравен говор меѓу другото истакна:

-Прекрасно е денес да се биде меѓу Вас и да се почувствува вашата позитивната енергија. Таа енергија која ја создавате со вашето денешно присуство, бездруго значи дека Вие – луѓето од третото доба знаете како да му се радувате на животот и како да ги негувате и почитувате вистинските традиционални вредности. Убеден сум дека Здружението на пензионери од Струмица, како и многу пати до сега, повторно ќе биде Ваш добар домаќин, и дека сите Вие, на најдобар можен начин, ќе го почувствувате топлото струмичко гостопримство. Се надевам дека, како резултат на тоа гостопримство, ќе понесете со себе убави спомени од нашиот град во своите средини, спомени кои со радост ќе ги паметите и прераскажувате, рече Костадинов.

На Регионалната музичка ревија настапија претставници од Здруженијата на пензионери од Штип, Пробиштип, Злетово, Свети Николе, Лозово, Радовиш,Ново Село и Струмица.

Share via
Copy link