fbpx

Времето денес сончево и топло, температури до 35 степени, во петок и сабота услови за краткорајни дождови

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер кој по должина на Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во следните денови времето ќе биде сончево со повремена мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер кој до четврток ќе биде северен, а потоа јужен. Во петок и сабота ќе има услови за појава на нестабилност во попладневните часови.

Дневната температура до средината на неделата ќе биде во брз пораст, а потоа нема многу да се менува.

Share via
Copy link