Загина мотоциклист во сообраќајка кај Гевгелија

 Загина мотоциклист во сообраќајка кај Гевгелија

Вчера во 14:18 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат во близина на комплексот „Негорски бањи“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген транспортер“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(41) од село Собри, валандовско и мотоцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(48) од село Негорци, гевгелиско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и на пат кон болница, починал во возило на Итната медицинска помош.

Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Гевгелија и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Фото: архива

Share via
Copy link