fbpx

Започнуваат пријавите за националната селекција за еЕуро2021

 Започнуваат пријавите за националната селекција за еЕуро2021

Македонската Еспорт Федерација и Фудбалската Федерација на Македонија ги повикува сите заинтересирани да се пријават за националните предквалификации за eEURO 2021 квалификациите на УЕФА.

Пријавувањето почнува на 04.01. 2021 година и ќе трае до 15.01.2021 година! За секој што сака да учествува, деталите се објавени на веб страните на ФФМ и МЕСФ. Согласно правилникот, може да учествуваат само македонски државјани.

Исто така, сите заинтересирани играчи за да учествуваат на квалификацискиот натпревар треба да поседуваат или да имаат пристап до европската верзија на PES2021 за PlayStation4; да имаат валиден PSN ID и да имаат валидна PSN+ претплата. Правилата велат да имаат навршени 16 години пред почетокот на нивниот прв натпревар. Сите играчи под 18 години мораат да имаат родител/старател како придружба на сите офлајн настани, согласно позитивните законски прописи на Северна Македонија.

„Организацијата на квалификациите е дел од Меморандумот за соработка помеѓу ФФМ и МЕСФ, кој опфаќа соработка помеѓу двете најважни споредни работи-фудбалот и гејмингот„, изјави Бобан Тотовски, Претседателот на МЕСФ. Наша заедничка мисија ќе биде промоција на одговорен и здрав гејминг пред се. Еспортот е веќе глобално прифатен во повеќе од 50 држави во светот, а соработката со ФФМ е огромно искуство за нашата федерација.

„Оваа година бевме соочени со многу неочекувани предизвици од пандемијата со КОВИД-19 која го погоди светот, а имаше особено влијание врз фудбалските настани насекаде. Ние како федерација ги вложивме сите напори да бидеме позитивен пример и да изнајдеме начини да го промовираме фудбалот на теренот, но и виртуелно. Затоа сметаме дека оваа соработка со Македонската Еспорт Федерација е важен чекор кон зближувањето на љубителите на фудбалот од двете страни на екранот. За нас ова ќе биде второ учество во еЕУРО квалификациите на УЕФА, но за прв пат националните учесници ќе се бираат локално, на турнир организиран кај нас. Целта е најдобрите учесници да не претставуваат во квалификациите, и сигурен сум дека го избравме вистинскиот пат“ – изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.

еЕуро2021 е дигитална верзија на Европското Првенство во Фудбал и се игра исклучиво на насловот од Конами, ProEvolution Soccer. Во квалификациите на еЕуро, учество ќе земат 55 држави од Европа. Нашите дигитални фудбалери годинава се добро позиционирани на европско ниво и се надеваме на пласман и освојување на една од топ 3 позициите.

Share via
Copy link