fbpx

Заврши гласањето за Претседател на државата, резултатите ќе бидат познати околу полноќ

 Заврши гласањето за Претседател на државата, резултатите ќе бидат познати околу полноќ

Заклучно со 19 часот заврши гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори во Северна Македонија на кои право на глас имаат 1.814.317 избирачи, на вкупно 3.480 избирачки места.

Гласачките места беа отворени утрово во 7 часот.Според податоците од интернет страницата на Државната изборна комисија (ДИК), одѕивот на претседателските избори до 18 часот изнесуваше 47,61отсто, и е поголем од последните избори за шеф на државата во 2019 година кога до 19 часот на гласање излегоа вкупно 41,67 отсто од запишаните избирачи.

Според податоците на Државната изборна комисија до 18.30 часот во општина Струмица од вкупно запишаните 49.649 граѓани гласале 48,76%, во општина Василево од вкупно запишаните 10.852 граѓани гласале 5338, односно 49,26%%, во општина Ново Село од вкупно запишаните 10.929 граѓани гласале 4,124, односно 37,75%, а во општина Босилово од вкупно запишаните 12.169 граѓани гласале 5,269, односно 43,35%.

Share via
Copy link