fbpx

Здружението „Медија Флеш“ одржа работилница за медиумска писменост во Средното училиште „Никола Карев“ во Струмица

 Здружението „Медија Флеш“ одржа работилница за медиумска писменост во Средното училиште „Никола Карев“ во Струмица

Во рамките на реализирање на проектот „Читај меѓу редови: Спротивстави се на дезинформации и  биди медиумски писмен во ера на дигитални вести!“, којшто го реализира Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“, во Средното училиште „Никола Карев“ во Струмица се одржа работилница со ученици и професори од ова средно училиште, а присутвуваше и директорот на училиштето, Зоран Петков.

Пред присутните најпрвин беше презентиран проектот од страна на координаторот на проектот, Ристо Тасев и проектниот асистент, Веле Појразовски и притоа беше истакнато дека основна цел е да се унапреди медиумската писменост и да се создадат вештини за критичко размислување и анализирање кај младите во Општина Струмица за да се справат со дезинформациите и лажните вести.

Работилницата ја водеше новинарот и генерален директор на Медиумската информативна агенција (МИА), Драган Антоновски, чие излагање беше проследено со голем интерес од присутните, а учениците и професорите поставија многу рашања и разменија мислење за многу прашања и теми.

Антоновски говореше за медиумската писменост, за МИА и медиумската писменост, МИА како промотор на проверени и точни вести и изнесе повеќе примери за лажни вести и како младите да ги препознаваат.

На работилницата пред учениците беше презентиран прашалникот за нивните познавања на медиумската писменост, а основно барање е медиумска писменост во средното образование да биде што повеќе присутна или да биде составен дел на некој од веќе посточеките предмети.

На работилницата присутвуваа и членови на Новинарскиот клуб при ЦИА „НОВУС“, како и Данче Кирова, проектен координатор во „НОВУС“.

Здружението „Медија Флеш“ се заблагодарува на директорот и професорите од „Никола Карев“ за одличниот прием и организацијата, а согласно претходно потпишаниот Меморандум за соработка соработката ќе продолжи и понатаму.

Оваа активност е поддржана од проектот „Млади агенти на промената“ имплементиран од „Центар за интеркултурен дијалог“ (ЦИД), „Сојуз на извидници на Македонија“ и Центар за истражување и анализи „НОВУС“ Струмица со финансиска поддршка од ЕУ.

За повеќе информации следете ја фејсбук страницата на Здружението: https://www.facebook.com/mediaflashsr.

Share via
Copy link