Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип
ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ
Цвеќе положија градоначалникот на Струмица Коста Јаневски заедно со претставници на Советот на општината, членови на семејството Трајковски, граѓани, политички партии и здруженија.
Вториот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, е роден на 25 јуни 1956 во селото Моноспитово. Тој е близнак со брат му Александар и е трето дете во семејството.
Од тројцата браќа Трајковски повеќе никој не жив. Најстариот Мојсеј почина во април годинава.