Од денеска во институциите кои се под надлежност на општина Струмица, како и основните и средните училишта, се воспостави организиран систем за собирање на отпадни батери преку поставување садови во соработка и партнерство со „Нула отпад“, соопштија од Општина Струмица. Садовите за собирање на отпадни батерии се поставени во дваесет и пет институции низ општината. […]
JПКД „Комуналец„ Струмица започнува со акција за генерално чистење на Струмица. Освен редовното собирање смет и метење на улиците, секоја недела ќе се врши и генерално чистење и собирање на смет и машинско перење на улиците. Акцијата започнува во nедела на 11 Јуни во градските населби „Карпош“ и „Чифлик“ и се замолуват сите граѓани од […]
-Само неколку недели по поставување на специјалните контејнери за рециклирање на електронски отпад некои наши „совесни“ граѓани веке успејаа да уништат еден, објавија денеска од ЈПКД „Комуналец“. -Со ваквото однесување урбаната опрема станува губре дава лоша слика за градот и ги уништува сите напори на оние организации, групи граѓани и поединци кои работат работат и […]
Како дел од долгорочната стратегија за еко-урбана мобилност на Општина Струмица, континуирано се реализираат активности за трансформација на Струмица во велосипедски град, соопштија денеска од Општина Струмица. Во рамки на вториот Меѓународен Фестивал за љубителите на велосипедизмот – “Вело Струмица”, организиранпо повод Светскиот ден на велосипедот – 3 јуни, беше пуштено во употреба новото велосипедско […]
-Со радост ја споделувам убавата вест дека нашиов град ја продолжува убавата приказна наречена „Струмица опен фестивал“. На денешниот состанок со координаторите на настаните потврдивме дека се е подготвено за утрешниот почеток на овогодинешното 12-то издание на овој традиционален фестивал наменет за граѓаните од сите генерации со различни вкусови, а кои до 13-ти август ќе […]
Струмица денеска беше домаќин на одбележувањето на 1Јуни – Меѓународниот ден на детето со хепенингот „Семеен ден за згрижувачките семејства“ кој во организација на СОС Детско село, а во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Струмица, Министерството за труд и социјална политика и општина Струмица се одржа во малиот градски парк. Поддржувајќи ги […]
По повод Светскиот ден на велосипедот – 3 јуни, оваа година, во период од 01.06. до 03.06.2023 година, во Струмица ќе се одржи вториот Меѓународен Фестивал за љубителите на велосипедизмот – “Вело Струмица”. Во рамки на фестивалската програма, покрај серијата активности посветени на сообраќајната и велосипедската култура како начин на живеење, официјално ќе биде пуштено […]
На денешната 23-та седница Советот донесе и усвои значајни одлуки од работата на Општината, јавните претпријатија и основните општински училишта. Советниците ги усвоија извештајот за извршување на буџетот за првиот квартал од 2023 година, одлуката за ребаланс на буџетот и измените на општинските програми. Основниот буџет за 2023 изнесуваше 805.098.000 денари, а со ребалансот тој […]
Во Oсновното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица денеска беше одбележан патрониот празник. Во присуство на гости и пријатели на училиштето, родители, вработени и ученици, за празникот зборуваше директорката Благица Устапетрова, а беше изведена и богата програма специјално подготвена за овој голем празник за училиштето. Денеска празнуваа и учениците и вработените во Oсновното општинско училиште […]
-Со свечена академија вечерва го чествувавме утрешниот голем празник посветен на Сесловенските просветители – светите браќа Кирил и Методиј, на оние кои ни оставиле безвремен дар, повреден од сите вредности и богатства на овој свет, објави градоначалникот Костадин Костадинов. Честитајќи им го празникот на просветните работници, ја упатив пораката дека мора да ги вратиме подзаборавените […]