Поради работа на отстранување дефект на водоводна мрежа без вода ќе останe дел од улица „Крушевска Република“ од „Климент Охридски“ до „Младинска“ од 08:00 до 14:00 часот.
Со подобрување на временските услови и покачување на температурите ЈПКД „Комуналец“ почнува со чистење на дивите депонии околу градот, на сите јавни зелени површини низ градот, како и на малите паркови и игралишта за деца кои се наоѓаат помеѓу станбените комплекси. -Иако поединци се однесуваат несовесно со фрлање на смет насекаде се зголемува бројот на […]
Првиот состав на Брера за пролетниот дел од првенството се засили со уште еден фудбалер. Станува збор за 20 годишниот Роџерс Мато од Уганда кој минатата година настапуваше за Кампала и турскиот состав Шанлиурфаспор. Мато е дел и од националната фудбалска селекција на Уганда за која иако има само 20 години има забележано дури 21 […]
На денешната 34-та седница на Советот на општина Струмица беше верификуван мандатот на новиот член на Советот, Мери Туџарова секретар на Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Струмица која доаѓа на испразнетото место на листата на советници од СДСМ. На седницата беа усвоени ценовникот за работа на ЈПКД „Комуналец“ за 2024 година, Програмата […]
Претседателот на Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“, Ристо Тасев и директорот на Државно средно училиште-Регионален центар за стручно образование и обука „Никола Карев” Струмица, Зоран Петков, потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот се однесува на резлизирање на проектот „Читај меѓу редови: Спротивстави се на дезинформации и биди медиумски писмен во ера на дигитални вести!“, финансиски […]
-Со среќа нека ни се струмичките кавалери! Го исполнив дадениот збор и од денеска оваа нова бесплатна услуга за граѓаните ја ставивме во пробна функција, објави градоначалникот Костадинов. -Две електрични возила започнаа да возат низ паркот, плоштадот и пешачките зони, а можат да ги користат сите граѓани, а секако предност имаат повозрасните и лицата со […]
Апликацијата важи и за зонско паркирање за градови кои се водат под бројот за праќање на СМС -144 144.Апликацијата може да се користи како регистриран корисник и како корисник без најава. Можностите за плаќање на зонско паркирање се: преку кредитна картичка. Одбирање на зоната на паркирање може да се врши на следниот начин: – Преку […]
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, е избран за личност на годината од Фестивалот на Југоисточна Европа-Париз, Берлин,Вашингтон. Одлуката му ја соопшти амбасадорот Јордан Плевнеш во име на Уметничниот одбор на Фестивалот. -Признанието ќе ја пренесе славата на Струмица на сите меридијани и како што рече Плевнеш, ако Балканот е срцето на Европа, денеска Струмица е […]
Денеска пред споменикот на Гоце Делчев на истоимениот плоштад во нашиот град, во организација на Општина Струмица, се одржа чествување по повод 152-годишнината од денот на раѓањето на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев. Пригоден говор за животот и делото на Делчев одржа градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов. Тој меѓу другото истакна: -Да […]
-Една необично убава средба, со една необична група на луѓе која ја затекнавме во нашата убава Струмица. Секој треба да ја чувствува Струмица како своја.Топло добредојде им посакав на Пери од Белгија,Николас од Финска и Нико од Швајцарија кои заедно со своите фамилии во прошетката која трае веќе 6 месеци ја посетија и Струмица, објави […]