На 21.07.2024 година во 04:40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат 1109 (Обиколница Богданци), се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(27) од Богданци и трактор „фергусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од А.М.(71) од Богданци. Во несреќата со тешки телесни повреди се […]
Tags : Богданци
На 17.06.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат 1401, делница помеѓу село Страниште и „Марвинска клучка“, кај село Брајковци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.А.(50) од село Балинци, валандовско и патничко возило „фолксваген пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(35) од […]
Владата на Република Северна Македонија, на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државава и донесе соодветни препораки. Од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека на 11.06.2024 (вторник) и 12.06.2024 година (среда), територијата на градовите Гевгелија, Богданци, Валандово и […]
По повод 1 април, Денот на шегата, денеска во Градскиот парк во Богданци се оддржа традиционалната манифестација „Априлијада“. Во програмата учествуваа дечиња од ЈОУДГ „Коста Поп Ристов Делчев“, како и ученици од ООУ „Петар Мусев“ Богданци и СОУ „Богданци“. Настанот го организираше Дом на Култура „Бранд Петрушев“ во соработка со Општина Богданци. Наградени се следните […]
МВР соопшти дека вчера во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на Регионален пат 1109, обиколница Богданци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксфаген“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(35) од Гевгелија и патничко возило „хјундаи“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.А.(33) од Нов Дојран. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила […]
СВР Струмица информираше дека вчера во 12:30 часот во Полициската канцеларија Богданци, С.Ј.(80) од Богданци пријавил дека околу 12:00 часот во Богданци бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и З.И. од Богданци. По расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 12:00 часот во Полициската канцеларија Богданци било пријавено дека во двор на ул.„Кукушка“ во Богданци била пронајдена стара неиспукана граната, соопшти МВР. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Гевгелија ја подигнал гранатата и било констатирано дека се работи за артилериска граната со потекло од Втората светска војна. Фото: архива
Во Богданци пожарникарите од ТППЕ Гевгелија вчера од 08:10 до 11:40 часот, со 8 пожарникари и 3 против пожарни возила гаснеле запалена подрумска просторија во зграда на ул.„Маршал Тито“ бр.130 во Богданци. Во текот на интервенцијата, станарите од зградата биле евакуирани со корпа со кран од страна на фирмата „Пеливан компани“. Фото: архива
Директорот на ЦУК, Атојанче Ангелов, објави дека е изгаснат пожарот меѓу Богданци и Дојран, кој избувна денеска на пладне во атарот на село Селемлија, во близина на границата со Грција. Фото: ЦУК
Денеска на пладне избувнал голем пожар на отворено меѓу Богданци и Дојран на границата со Грција во атарот на село Селемли. Како што информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, пожарот го гаснат два авиони „Ер трактор“ и пожарникари од Гевгелија и екипи на ЈП „Национални шуми“. Повеќе од видео изјавата на Ангелов.