fbpx

Tags : Богданци

Утре прекин во снадбувањето со електрична енергија на повеќе улици

Ве известуваме дека согласно добиените податоци од ЕВН Македонија, екипите на ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа на одредени локации во Богданци. Заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, на ден 12.05.2021 година (среда) во периодот од 08.30 до 14.00 часот без снабдување ќе […]

Во Богданци промовирана новата инвестиција ветерен парк со вредност од

Во општина Богданци денеска беше промовирана новата инвестиција ветерен парк, со вредност од над 40 милиони евра. Најнапред во Дом на Култура „Бранд Петрушев“ беше оддржана кратка презентација од страна на инвеститорите, Блаж Штерк – директор на „Интеренерго“ и Матеј Рунјак – извршен директор на „Тригал“. На настанот беа присутни пратеничките Драгица Ѓавочанова и Марија […]

Заев и Царовска во Богданци за кампањата „Учи паметно, работи

Премиерот Зоран Заев денеска во Богданци беше гостин на дебатата која ја организираше Министерството за образование и наука со поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија. Дебатата е дел од серијалот настани кои се поврзани со реформата во образованието со посебен аспект на стручното образование под слоганот: „Учи паметно, работи стручно“. Серијата трибини од […]

Кражба во казино во Богданци

Синоќа 25 минути по полноќ во Полициската канцеларија Богданци било пријавено дека пет минути порано во казино во Богданци едно лице со закана кон вработените одзело пари од касата, соопштија денеска од СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Општина Богданци објави јавен оглас за субвенционирање на трошоци за

Врз основа на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр.08- 1753/22 од 29.12.2020 година („Службен гласник на Општина Богданци“ бр. 20/20), Градоначалникот на Oпштина Богданци, објавува  ЈАВЕН ОГЛАСЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ  Општина Богданци ќе обезбеди средства од Буџетот на Општина Богданци за 2021 година […]

Твојата хуманост нека биде дел од нечија среќа-хуманитарна акција во

Под мотото „Твојата хуманост нека биде дел од нечија среќа!“ Општина Богданци, Младински клуб на Црвен крст при СОУ ” Богданци” Богданци и Младински клуб при Црвен крст- Гевгелија организираат хуманитарна акција. -Хуманитарната порака која ќе дојде до Вас преку младите активисти Ви дава можност да ја покажете Вашата хуманост.Собраните средства ќе бидат наменети за […]

Од утре нов режим на сообраќај во Богданци

Ве известуваме дека во понеделник, (21.12.2020) во периодот од 09:00 до 15:00 часот улицата „Маршал Тито“ во Богданци од општинската зграда до „Бреботекс“ ќе биде затворена за сообраќај, заради сообраќајно уредување. За таа цел ги замолуваме сите граѓани кои ги имаат паркирано своите возила во овој дел од главната улица, како од левата така и […]

Еден загинат и четворица повредени во сообраќајка во Богданци

Вчера околу 04:00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Богданци, патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.С.(20) од Богданци, излетало од патот. Во незгодата возачот В.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде починал. Сопатниците во возилото Р.К.(19), Ѓ.Ш.(21), Д.Д.(21) и Н.Ш.(20), сите од Богданци, […]

Склучен договорот за реконструкција на улици и поставување на гумени

Општина Богданци потпиша договор за реконструкција на улици и поставување на гумени лежечки полицајци на територијата на општина Богданци. Станува збор за реконструкција, односно порамнување, поставување на рабници, тампонирање и поставување на бехатон плочки на дел од улица Карпошева (со должина од 352 метри) како и за замена на веќе поставените лежечки полицајци во село […]

Ќе се реставрира урбаната опрема на брана „Паљурци“

Општина Богданци по спроведената постапка за јавна набавка избра правно лице за реставрација на постоечката урбана опрема на територијата на општина Богданци. Активностите ќе ги изведува Занаетчија ВУДИ МИЦЕВ Богданци и истите се однесуваат на замена на старата ограда со нова, замена на старите клупи со нови, доработка и обработка на маси како и реставрација […]