fbpx

Полициски билтен: пронајден починат жител на Богданци, физички напад во Струмица

 Полициски билтен: пронајден починат жител на Богданци, физички напад во Струмица

На 02.11.2021 во 12:00 часот во Полициска станица Гевгелија било пријавено дека во близина на место викано „Трнката“, атар на Богданци, бил пронајден починат П.С.(83) од Богданци, за кој на 01.11.2021 било пријавено дека се оддалечил од неговиот дом.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

————————————————————————————————————————————————

На 03.11.2021 во 01.55 часот во Полициската станица Струмица, Н.П.(56) од Струга пријавил дека околу 00:20 часот во спортска обложувалница на улица „Моша Пијаде“ во Струмица физички бил нападнат од Д.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link