„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Николовски: Извршниот одбор на СДСМ нема одлука за Струмица
-Партијата и Извршниот одбор на СДСМ немаат одлука за Струмица и како што кажав во десет општини, во кои сите теренски истражувања, анализи и анкети покажуваат водство од над 10 проценти во Центар, во Струмица, во Куманово, во Крива Паланка, во Шуто Оризари и многу други, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во одговор на новинарско прашање дали Костадин Костадинов е адут на партијата за кандидат за градоначалник во Струмица.
Николовски додаде дека ги немаат утврдено кандидатите и ќе сакаат во овие општини да ги максимизираат резултатите во бројот на гласови, поддршката на граѓаните и затоа таму внимателно ќе ги одбереле најдобрите кандидати.
-А секако победата на СДСМ е сигурна во Струмица и во Куманово и во Центар, во Кочани, Крива Паланка и во сите тие над десет општини за коишто СДСМ се уште нема донесено одлуки и граѓаните ќе ги дознаат до крајот на месецот, рече Николовски на крајот во одговорот на новинарското прашање.