fbpx

Поднесени три независни листи за советници и една кандидатура за градоначалник

 Поднесени три независни листи за советници и една кандидатура за градоначалник

До Подрачната канцеларија на Државната изборна комисија во Струмица досега се поднесени три независни листи за советници-две за Струмица и една за Босилово и една кандидатура за градоначалник во Василево за локалните избори во октомври.

Екологистите од Здружението „Здрава котлина“ поднеле листа за советници под името „Стига е“за Струмица и Босилово, а според најавите во текот на денешниот ден ќе поднесат и листа за општина Ново Село.

Листа за членови на Советот на Општина Струмица од група избирачи поднел и Шефкет Асанов.

Кандидатура за градоначалник на Василево поднел Иљо Ангов.

Тој и подносителите на листите треба да го соберат потребниот број потписи до 30 овој месец.

Share via
Copy link