fbpx

Жан Дрвошанов кандидат за градоначалник на Струмица од ВМРО ДПМНЕ

 Жан Дрвошанов кандидат за градоначалник на Струмица од ВМРО ДПМНЕ

На еден ден пред истекот на рокот за пријавување на кандидати за градоначалници до општинските изборни комисии, ВМРО ДПМНЕ одлучи за да го кандидира Жан Дрвошанов за градоначалник на Струмица на изборите кои ќе се одржат на 17 октомври.

Дрвошанов е актуелен претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ во Струмица и е сопственик на сметководствено биро.

Тој ќе му се спротивстави на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов.

Неофицијално листата на советници на опозициската партија ќе ја предводи д-р Никола Маџунков, а на СДСМ, актуелниот претседател на разгранокот на владеачката партија во Струмица, Марјан Даскаловски.

Инаку, до денеска до 13 часот во шесте општини од Струмичко и Радовишко се поднесени само две листи на советници до Општинските изборни комисии во Конче и Радовиш, а рокот за поднесување е утре до 24 часот.

Share via
Copy link