fbpx

Костадинов на средба со занаетчиите и малостопанствениците

 Костадинов на средба со занаетчиите и малостопанствениците

“Занаетот е злато…” стара наша изрека која и денес сѐ уште пркоси на напредокот на технологијата. Но сепак, занаетите овозможуваат надополнување и надоврзување кон технологиите. Затоа, без занаетите не се може!, истакна кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов при денешната средба со занаетчиите и малостопанственциите.

-Како што е редот, понеделникот го започнав со дел од занаетчиите и малостопанствениците од Струмица. Денот за нив почнува рано. Тие се темелот на економијата и затоа поддршката е тука. Преку реализација на локален економски форум за малите бизниси – разговори, дебати, состаноци, анкети, фокус групи и работни конференции ќе водиме константен дијалог со малите фирми, гранапите, дуќаните и занаетчиите. Така ќе дадеме конкретнa поддршка за струмичкиот локален економски развој. Малите бизниси да се развиваат и да ги има во поголем број – тоа е нашата мисија, објави кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов.

Share via
Copy link