Видео Манчев: Создаваме нова иднина за Босилово – Ќе изградиме водоводна и канализациона мрежа на места каде е потребно и ќе ги дислоцираме дивите депонии
Интегрален текст и видео од прес конференција
Почитувани,
Заедно, во наредните четири години, можеме да ја направиме општина Босилово, чиста, модерна, уредена и развиена европска општина. Имаме програма, која што e реална и остварлива и која нуди решенија за најголем дел од проблемите кои што ги мачат граѓаните на општина Босилово.
Приоритет во нашата работа во наредните четири години ќе биде решавање на проблемот со водоснабдувањето во сите населени места, со посебен акцент за Дрвош, Иловица, Штука и Гечерлија.
Ќе го започнеме процесот на изградба на канализациона мрежа во Босилово и во останатите населени места во општината.
Ќе ги дислоцираме дивите депонии, јавната хигиена ќе ја подигнеме на едно повисоко ниво, редовно ќе го собираме отпадот и ќе обезбедиме услови за негова селекција.
Ќе инвестираме во реконструкција на училиштата, ќе изградиме спортски игралишта во училишните дворови.
Ќе инвестираме во изградба на ефикасни системи за затоплување во сите училишта во општината.
Ќе инвестираме во изградба на локални улици и патишта со посебен приоритет на патниот правец Босилово- Еднокуќево.
Ќе изградиме нови зелени површини, нови паркови, ќе организираме на пошумување.
Општина Босилово во наредните четири години ќе се развива рамномерно затоа што ќе инвестираме подеднакво во сите населени места.
Ќе бидеме партнери на земјоделците, редовно ќе инвестираме во одржување на полските патишта, редовно ќе ги чистиме и одводните канали, ќе помагаме на земјоделците во изработка на апликации во користење на средства од домашни и меѓународни програми за развој на земјоделието. Ќе обезбедиме услови и ќе покренеме иницијатива подрачното министерство за земјоделие да има свои канцеларии во општина Босилово.
Затоа Ве повикувам, на 17-ти октомври, да излезете на гласање и заедно да создадеме нова иднина за сите граѓани на општина Босилово.
Изберете промени, победи и проекти. Затоа што Вие тоа го заслужувате!