fbpx

Костадинов: Имамем доминатни цели за екологијата во нашата општина

 Костадинов: Имамем доминатни цели за екологијата во нашата општина

Пречистителната станица претставува филтер, срце за населените места кои гравитираат во овој регион и има суштинско значење во одржливиот развој на Општина Струмица, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов.

Во регионот на населените места Сачево, Муртино и Градско Балдовци, како и Индустриската зона “Сачево“ со актуелниот развоен план на Општина Струмица предвиден е соодветен систем за третман на овие води.Поточно, фекалните канализациони системи од овие населени места преку изградба на главен фекален колектор ќе се поврзат со пречистителната станица која е изградена во 2017 година во реонот помеѓу Дабиле и Сачево.

-Имаме доминантни цели за Екологијата во нашата општина: Мерки за чист воздух,третман на зелените површини и паркови и зафаќање на атмосферските и отпадните води.

Во Струмица се наоѓа еден од најубавите градски паркови. Покрај овие “бели дробови“ редовно се одржуваат уште голем број помали паркови и уредени јавни површини во градот и сите населени места, за кои имаме јасна цел за понатамошно проширување и уредување.Со ваков активен пристап и тековна изведба на зацртаните програми фокусирани кон екологијата, во континуитет се внимава за подобрување и унапредување на одржливиот развој во Општина Струмица.Од срце, за Струмица

Share via
Copy link