fbpx

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Светскиот ден на детето

 Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Светскиот ден на детето

Со голема љубов и и неизмерна почит, на сите деца им го честитам Светскиот ден на детето.

Децата се нашиот живот, нашето најголемо богатство, нашата радост, гордост, нашата иднина.

За мене, како човек и како Градоначалник, и за Oпштина Струмица, тие се на врвот од нашите приоритети во обезбедувањето квалитетни услови за правилен раст и развој и воспитно – образовен процес.

Ги прошируваме сместувачките капацитети во градинката. Во завршна фаза е новата градинка во касарната, а заврши и проширувањето на Клон 2 во паркот. Ќе ги модернизираме постоечките, но ќе градиме и нови капацитети.

Ги реконструираме училиштата во Добрејци и Баница и во континуитет ќе ги подобруваме условите и ќе ги поддржуваме современите трендови во сите училишта.

Ги одржуваме постоечките и ќе градиме нови детски игралишта во градот и населените места.

Јас и Oпштина Струмица, вака ги сакаме децата и ги почитуваме нивните права.

Од срце за сите деца

Share via
Copy link