fbpx

Полициски билтен:фатен опасен крадец во Радовиш, кривична пријава за струмичанка за присвојување пари

На 09.02.2022 во 13.00 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода М.Ј.(18) од Штип, со престојувалиште во Радовиш. Тој се сомничи дека во јануари 2022 година сторил пет кривични дела „тешка кражба“ и три кривични дела „кражба“ на подрачје на ОВР Радовиш и едно кривично дело „одземање на моторно возило“ извршено на подрачје на ОВР Неготино. За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случаите против М.Ј. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Отсекот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Л.К.(43) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување “ по член 353 и „послужување“ по член 240 од  Кривичниот законик.
Пријавената Л.К., во својство на сметководител на два правни субјекта кои се во стечајна постапка од Струмица, а биле нејзина сопственост, противправно присвоила 535.300 денари. Делата ги сторила на начин што на својата лична сметка незаконски враќала парични средства од правните лица по основ „поврат на позајмица“ иако таа никогаш немала дадено законска позајмица во двата правни субјекти.

Share via
Copy link