fbpx

Започна изградбата на улицата во Градашорци од Домот на културата до индустриската зона

 Започна изградбата на улицата во Градашорци од Домот на културата до индустриската зона

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов направи увид во стартот на градежните работи на улицата во Градашорци која води од Домот на културата кон индустриската зона.

Улицата се гради во  рамки на Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка

Должината на оваа улица изнесува 432 метри а вкупната ширина е 5 метри од кои 3,5 асфалтен коловоз и по 0,75 м. банкини од двете страни на улицата.  Вкупниот Буџет за нејзина реализација изнесува 2 493 495 денари. 

Share via
Copy link