fbpx

Костадинов: Задутре почнува струмичкото чудо-Струмичкиот карневал!

 Костадинов: Задутре почнува струмичкото чудо-Струмичкиот карневал!

По пауза од две години поради пандемијата од Ковид 19 го враќаме „Струмичкото чудо“. Вековната карневалска традиција продолжува од 2 до 9 март со сите нишани на типичното, само за нас, празнување под маски, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Со претседателот на Организациониот одбор на карневалот, Александар Цицимов, на денешната прес конференција ја информиравме јавноста за годинашното карневалско издание.Само два дена не делат од почетокот на оваа убава традиција, а тоа е симболичното предавање на клучот на градот од мои раце во рацете на струмичките карневалисти, па од тој момент ќе следуваат осумдневни бројни интересни содржини, меѓу кои и големиот Струмички карневал, во сабота на 5. март. Тоа значи дека од среда до среда, струмичани и сите гости од страна ќе имаат можност да уживаат во шаренилото и богатството на карневалските свечености, додаде Костадинов.

-Со одлука на Советот на општина Струмица определивме еден милион денари за карневалот, а разговараме со Министерството за култура да најдат начин за дополнително да биде поддржан струмичкиот карневал, како вековна традиција, како еден од 6-те највозбудливи настани во Европа и еден од 20-те најдобри улични карневали во светот. Во моментот нема средства од Министерството за култура, но јас сум оптимист и верувам ќе се најде начин оваа наша вековна традиција да биде поддржана, посочи Костадинов.

Општина Струмица и јас како градоначалник и покровител на Струмичкиот карневал и карневалските свечености, со задоволство ги поканувам граѓаните да бидат сведоци на продолжувањето на убавата традицијата, но во исто време апелирам на одговорност и зачувување на своето здравје и здравјето на другите.Очекувам убави и незаборавни мигови во сите денови од карневалските свечености, со желба за продолжување на традицијата и во наредните години, децении и векови, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link