„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Одржано предавање за медиумска писменост и како до поголема присутност во јавноста во Центарот за развој на Југоисточниот плански регион
Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“ одржа предавање за предизвиците на медиумската писменост и како до поголемо и засилено присуство во јавноста со вработените во Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Новинарите Ристо Тасев и Ване Трајков пред вработените, предводени од директорката Жулиета Ѓуркова, зборуваа за за медиумската писменост, препознавање лажни вести, користење алатки за поголемо и засилено присуство во јавноста и информирање за големиот број активности и проекти кои ги реализира Центарот, но и како да се пласираат вестите пред јавноста и социјалните мрежи.
Вработените искажаа голем интерес за темата и активно се вклучија во предавањето со свои забелешки и размислувања.
Благодариме на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за искажаниот интерес и взаемната соработка, која се надеваме дека во иднина уште повеќе ќе се продлабочува.
Предавањето се одржа во рамки на континуираните активности на „Медија Флеш“, кои продолжуваат и во наредниот период.