fbpx

Гром удри во куќа во Муртино, Костадинов најави решавање на проблемот на „Младинска“

 Гром удри во куќа во Муртино, Костадинов најави решавање на проблемот на „Младинска“

Гром удрил во куќа во селото Муртино во 20:50 часот по што се запалила покривната конструкција, која по интервенција на пожарникарите е изгасната, а нема ранети и повредени, информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, по вечерашното невреме кое го зафати регионот проследено со обилен дожд и силен ветер.

-Во гаснењето на покривната конструкција учествуваше едно против пожарно возило и пет пожарникари. Огнот е изгаснат, а досега на барање на граѓани имаме три интервенции за вадење на вода од поплавени простории, изјави Гудев.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов вечерва објави дека по второто невреме било зголемено нивото на вода за околу 25 сантиметри само на дел од улицата „Младинска“, која е една од пониските коти во градот.

-Не можеме денес да го решиме проблемот со нивелацијата, но најитно се заложувам со изработка на проект за реконструкција на улицата и трајно решавање на овој проблем.Дополнително ќе започнеме со дронско снимање на одводните канали за јавно да ги објавиме сите објекти кои се изградени врз одводните канали, а кои предизвикуваат потешкотии во одводнувањето при такви обилни врнежи од дожд. Замолувам на разбирање, замолувам на трпение од страна на засегнатите граѓани. Ќе го решам овој проблем како и многу други !Јас и мојот тим не бегаме од проблемите, туку се соочуваме со нив, објави вечерва градоначалникот на Струмица на својот фејсбук профил.

Share via
Copy link