Жител на Просениково со трактор насилно влегол во шумскиот склад во Струмица-оштетил возило
Две лица повредени во сообраќајка на кружниот тек на излезот кон Радовиш
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила во 19:10 часот на кружниот тек на излезот од градот во правец кон Радовиш.
Според информациите од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале две патнички возила, а повредените-возачот и совозачот од едниот автомобил се пренесени на лекување во Медицинскиот центар во Струмица.
На местото на сообраќајката увид извршила екипа на полицијата.
Фото: архива