„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Формиран Ученички парламент во СОУ „Јане Сандански“
Денес беше формиран Ученичкиот парламент во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица.
Претставниците од сите паралелки за свој претседател го избраа Ѓорги Цветанов. Заменик претседател на Ученичкиот парламент е Александра Петкова, а членови се Теа Зетова, Дора Акан и Глигор Манчев.
Директорката Невенка Стојанова им го честиташе изборот и им посака плодна работа, успешно да го претставуваат училиштето и да се борат за правата на нивните соученици.