fbpx

Гевгеличанец осомничен за обид за убиство

 Гевгеличанец осомничен за обид за убиство

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот зкаоник, соопштија денеска од Јавното обвинителство.

Осомничениот, на 12 декември, со умисла се обидел да го лиши од живот неговиот очув. Делото го сторил така што ја протнал раката преку отворениот мал прозорец од десната страна на влезната врата, ја отворил вратата од домот на очувот, влегол внатре и по кратка расправија, повеќе пати го прободел оштетениот со нож.

Притоа му нанел  тешки телесни повреди – две убодни рани во грбот, длабоки посекотини на левата страна на вратот, лицето и на десната шака. Оштетениот паднал на подот во дневната соба и почнал обилно да крвари. Откако осомничениот си заминал, оштетениот успеал да излезе надвор на улица, каде го затекнале случајни минувачи кои повикале итна медицинска помош. Пред да падне во кома поради сериозноста на повредите и да биде пренесен на Клиничкиот центар во Скопје, оштетениот успеал да го наведе осомничениот како сторител на кривичното дело.​

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Фото: архива

Share via
Copy link