fbpx

Почна делењето на канти за селектирање отпад во Струмица

 Почна делењето на канти за селектирање отпад во Струмица

Со цел за зголемување на јавната чистота и поздрава животна средина Општина Струмица во соработка со ЈПКД „Комуналец“, во рамките на проектот „Еко паметни општини“, започнa со делење втора канта на домаќинствата, за селекција на отпад (пластика и лименки).

-Започнуваме со доделување на 1.200 канти со кои ќе бидат опфатени: населбата Карпош и сите улици во потегот од улицата „Браќа Миладинови“ до улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“, како и од Булевар „Климент Охридски“ до Булевар „Маршал Тито“. Со оваа акција и официјално се започнува со селектирањето отпад во Струмица, кое во наредниот период постепено ќе се прошири и на целата територија на општината, информираа од ЈПКД „комуналец“.

Кантите, кои се обележани со лепенка за рециклирање, се обезбедени од ЈПКД „Комуналец“ и Општина Струмица и ќе се делат бесплатно а „Комуналец“ со посебен автосмеќар ќе го подига овој вид отпад секоја среда , од дворовите на домаќинствата.

-Напоменуваме дека новите канти служат само за пластични шишиња ПЕТ амбалажа и лименки. Се надеваме на поголема еколошка свест кај граѓаните што е од најголема важност за успехот на овој проект кој ке обезбеди поквалитетно управување со отпадот и пред се поздрава и почиста животна средина, додаваат во информацијата од ЈПКД „Комуналец“.

Share via
Copy link