fbpx

Пред радовишани претставен концептот за развиена соработка меѓу полицијата и заедницата

 Пред радовишани претставен концептот за развиена соработка меѓу полицијата и заедницата

Денеска Одделението за внатрешни работи Радовиш на градскиот плоштад во Радовиш реализираше активност од кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“.

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и ОВР Радовиш преку непосреден разговор со граѓаните и делење на летоци ги запознаа присутните со важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, која е една од основните цели на оваа кампања.

Исто така на присутните им беше презентирана и дел од опремата која ја користат полициските службеници при извршување на службените задачи, а евидентен беше големиот интерес на граѓаните кои разменија мислења со полициските службеници и ја разгледуваа опремата.

Со овие активности денеска и во Радовиш се потврди дека полицијата е сервис на граѓаните и заедничката соработка со нив ќе придонесе и во иднина да се детектираат и намалат предизвиците со кои се соочува заедницата, со што би се зголемила безбедноста, што е од заеднички интерес на сите.

Share via
Copy link