„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Струмица Никоб го направи првиот чекор кон освојување на шампионската титула
Одбојкарите на актуелниот македонски шампион, Струмица Никоб, вечерва го направија првиот чекор кон освојувањето на титулата во годинашното првенство. Во првиот натпревар од финалната серија вечерва во Струмица го победија велешки Борец со 3:0 (25:19, 25:18,25:21).
Наредниот натпревар се игра в недела во Велес, а со победа на струмичките одбојкари и водство од 2:0 во финалната серија, тогаш на 26 април на домашен терен Струмица ќе може да смета на трета победа и прослава на новата титула.
Фото:архива