fbpx

Во Струмица се отвора Клуб на семејства со деца и лица со Даунов синдром

 Во Струмица се отвора Клуб на семејства со деца и лица со Даунов синдром

Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со даунов синдом „Вера“ Струмица во партнерство со општина Струмица отвора „Клуб на семејства со деца со даунов синдром и семејства со лица со даунов синдром“, во рамките на функционирањето на Повеќенаменскиот Социјален центар во Струмица, а согласно Програмата V2-Социјална заштита за 2023 година на општина Струмица, објавија денеска од Општината.

За реализација на пилот проектот Здружението „Вера“ објавува ЈАВЕН ПОВИК за членување во Клубот на лица со даунов синдром и семејства со лица со даунов синдром.

Главни активности ќе бидат ставање во функција на интерактивно, инклузивно, едукативно и забавно рекреативно катче за децата и лицата со даунов синдром кои ќе работата под менторство на Едукатор-аниматор-тутор во рамките на целиот 12-месечен период, катче за психосоцијална помош и поддршка на семејствата со деца и лица со даунов синдром и неформално инклузивно катче за дружење, размена и споделување на искуства помеѓу семејствата со деца и лица со даунов синдром во функција на обединување и здружување во процесот на остварувањето на своите права и промена на сегашната состојба.

Сите заинтересирани лица со даунов синдром и семејства со лица со даунов синдром можат да се пријават за членување во Клубот кај лицето Анче Туфекчиева, контакт: 072 600 412 или на е-маил: zdruzenievera@outlook.com, најдоцна до почетокот на официјалното отпочнување со работа на Клубот, 15 јуни 2023 година.

Share via
Copy link