fbpx

Костадинов на годишниот концерт на Музичкото училиште „Боро Џони“

 Костадинов на годишниот концерт на Музичкото училиште „Боро Џони“

-Струмица е горда на музичкото училиште „Боро Џони“ кое секоја година докажува со факти дека е во самиот врв на македонската основна музичка наобразба. За тоа зборуваат бројните награди и признанија кои учениците, предводени од нивните ментори, ги добиваат на разни државни и меѓународни натпревари, во конкуренција на многу свои врсници од земјата и странство. Тие успеси се резултат на исклучително квалитетна и професионална работа на професорите со своите ученици, но и на големата љубов со која се примопредаваат теоретските и практичните знаења. Вечерашниот годишен концерт го покажа тоа на најдобар можен начин, објави градоначалникот Костадин Костадинов.

-На професорите и учениците им ги честитав сите постигнати успеси во оваа година и им порачав „Останете гордост на Струмица и во годините кои доаѓаат“, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link