Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
ИСИЕ: 36 директори на јавни претпријатија потпишаа Декларација за антикорупциски практики и политики
Денеска во Скопје во организација на Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) се одржа потпишување на Декларација за антикорупциски практики и политики во јавните претпријатија. Со цел да се демонстрира политичка волја и да се даде придонес во спречувањето на корупцијата и подобрувањето на транспарентноста на јавните претпријатија, декларацијата ја потпишаа 36 директори на јавни претпријатија од целата земја.
На настанот се обрати г-дин Ерик Мејер, Заменик шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Скопје кој нагласи дека „милионите долари што САД, ЕУ и партнерските земји ги инвестираат во антикорупциски програми како оваа за која сме овде да зборуваме денес, не можат да ги решат проблемите на Северна Македонија без вас“.
Во контекст на актуелните предизвици во транспарентноста на претпријатијата, проектниот координатор, проф. д-р Мишо Докмановиќ потенцираше дека јавните претпријатија се движат со различни брзини во делот на транспарентноста и превенцијата на корупцијата – дел ги исполнуваат сите предвидени законски обврски, но еден значителен дел заостанува.
Националниот експерт, проф. д-р Дарко Спасевски претставувајќи ги главните проектни резултати и ресурсната страница, изрази увереност дека присуството и изразената поддршка од страна на директорите на јавните претпријатија ќе ги охрабри вработените и ќе ги поттикне и граѓаните и правните лица кои се корисници на услуги и добра да ги користат механизмите на заштита на укажувачи, транспарентност и отчетност, секогаш кога ќе биде потребно и ќе бидат сигурни дека некој соодветно ќе постапи по нивниот поднесок.
Настанот се реализираше во рамките на проектот кој го спроведува ИСИЕ – „Поттикнување на овозможувачка средина за пријавување корупција во јавните претпријатија” и е финансиран од Амбасадата на САД.