Заврши меморијалниот турнир во мал фудбал „Јоже Хаџиевски“,првото место за „Алупласт“
Синоќа во Куклиш заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал „Јоже Хаџиевски 2023“ поддржан од градоначалникот Костадин Костадинов и Oпштина Струмица.
На овој прв турнир учествуваа вкупно 24 екипи од целата држава.
Првото место го освои екипата на „Алупласт-Васил“ од Јосифово, второто екипата на „Термaлни оранжерии“ од Банско, третото место го освои екипата на „Freight one“ од Радовиш и четвртото екипата на „Еклектик“.
За најдобар играч на Меморијалниот турнир беше прогласен Марјан Ристовски, за најдобар голман Ивица Божиновски и за најдобар стрелец Тони Мичковски.