Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Арапов: СВР Струмица презема мерки за нормално прославување на празниците
-Во пресрет на претстојните Новогодишни и Божиќни празници Секторот за внатрешни работи Струмица презема мерки во насока на одржување на поволна безбедносна состојба во областа на јавниот ред и мир, криминалитетот и сообраќајот.Како и претходните години, така и оваа, полициските службеници при редовно извршување на службените задачи плански ќе бидат поставени на локации каде се очекува присуство на поголем број граѓани, најчесто во централните градски подрачја, во близина на угостителски објекти каде ќе има организиран дочек на новата година, а пред се на места каде се очекува поголемо присуство на млада популација, изјави денеска началникот на СВР Струмица, Кирил Арапов.
Според него, превентивно ќе се постапува со цел да не дојде до нарушување на јавниот ред и мир, а воедно ќе се преземаат мерки за спречување на можно вршење кривични дела.
-Полициските службеници ќе ги зајакнат мерките за контрола над возачите, посебно давајќи акцент на контролата на управување возило под дејство на алкохол или со брзина поголема од дозволената, бидејќи овие се двете најчести причини за случените сообраќајни несреќи на подрачјето во 2023 година.Она што посебно сакам да нагласам и апелирам до сите граѓани е да се потрудат сообраќајната култура во овој период да биде на највисоко ниво, овде мислам како на возачите на моторни возила, исто така и велосипедистите, пешаците и другите учесници во сообраќајот. Движејќи се низ градовите каде нормално се очекува поголема раздвиженост во сообраќајот, да бидат трпеливи и внимателни, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, избегнувајте ги непрописните паркирања и запирања. Апелираме до граѓаните доколку планираат претстојните празници да ги прослават надвор од своите домови да преземат мерки за заштита на нивниот имот, возачите да ја прилагодат брзината на движење према условите и состојбата на патот, да не конзумираат алкохол пред возење, а доколку конзумираат да не седнуваат зад волан, истакна Арапов.
Тој упати и честитка до граѓаните и вработените во СВР Струмица по повод новогодипните и божиќните празници.
-На крај дозволете ми од мое лично име и од име на вработените во Секторот за внатрешни работи Струмица на сите граѓани да им ги честитам претстојните Новогодишни и Божиќни празници, апелирајќи во најубавиот празничен период да не заборавиме на невидливиот непријател, да ги почитуваме мерките и да празнуваме одговорно, рече началникот на СВР Струмица, Кирил Арапов.