„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Државјанин на Србија пронајден починат на фарма за свињи во Моин,гевгелиско
Од СВР Струмица соопштија дека вчера во 10:30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во објект на фарма за свињи во атар на село Моин, гевгелиско, бил пронајден починат П.С.(67) од Република Србија, кој работел како стручен консултант во фармата.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.