fbpx

Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски

 Почна традиционалниот планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Планинари од Струмица, Штип, Валандово, Радовиш и Гевгелија денеска по 19-ти пат го почнаа маршот во чест на трагично загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски.

По поминати 200 километри планинарите в понеделник, на 26 февруари, денот кога загина претседателот Трајковски, ќе му оддадат почит на неговото вечно почивалиште на гробиштата Бутел во Скопје.

Викендов планинари од нашата држава и Бугарија ќе се искачат на врвот „Ботра“ (Борис Трајковски) на планината Беласица на надморска височина од 1.880 метри.

Share via
Copy link