fbpx

Полициски билтен:во сообраќајка тешко повреден малолетен велосипедист, физичка пресметка пред радовишкиот суд

 Полициски билтен:во сообраќајка тешко повреден малолетен велосипедист, физичка пресметка пред радовишкиот суд

На 03.07.2024 во 15.45 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Партизанска“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа во која учествувале малолетник од Радовиш, управувајќи велосипед и  патничко возило „цитроен“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Г.П.(28) од Радовиш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Штип, а увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.

На 03.07.2024 во 11.50 часот во Радовиш полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги лишиле од слобода Д.У.(26), Б.У.(22) и З.У.(49), од Радовиш. Лицата околу 10.55 часот пред Основен суд Радовиш физички го нападнале А.С. од Радовиш, при што употребиле и метален предмет и му нанеле повреди. Тој бил пренесен во Клинички центар Штип, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

На 03.07.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Радовиш, С.Р.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил дека околу 12.30 часот на ул. „15-ти Корпус“ во Радовиш бил физички нападнат од Т.„Н“. од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link