fbpx

Двајца повредени во сообраќајка меѓу запрежно возило и автомобил меѓу Добрејци и Пиперево

 Двајца повредени во сообраќајка меѓу запрежно возило и автомобил меѓу Добрејци и Пиперево

На 28.07.2024 во 02.40 часот на локален пат помеѓу селата Добрејци и Пиперево, струмичко се случила сообраќајна несреќа помеѓу запрежно возило управувано од В.Г.(73) од село Добрејци и патничко возило „форд фиеста“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(24) од село Василево, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Г., а со телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Share via
Copy link