fbpx

Полициски билтен:кај двајца струмичани пронајдена марихуана, богданчанец агресивно се однесувал кон полицајци

 Полициски билтен:кај двајца струмичани пронајдена марихуана, богданчанец агресивно се однесувал кон полицајци

На 22.08.2024 во 23.00 часот во Струмица, полициски службеници од Полициската станица Струмица ги лишиле од слобода А.В.(52) и О.Г.(47), двајцата од Струмица, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 22.08.2024 во 17.15 часот на регионалниот пат 1109, на место викано „Правото“ кај Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија го привеле А.А.(54) од Богданци затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Share via
Copy link